преку (предл.) - друг (прид.)

Навали глава врз пушката и одеднаш - ја совлада некаква незнајна сладовина, неспозната леснина и рој мисли ѝ ја наполнија главата кои нескладно, една преку друга се превртуваат, претуруваат, се мешаат, клокотат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го остави чешелот и стана од тапацираното столче префрлајќи ги една преку друга полите од бањарката и врзувајќи го коланот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ти си сосема луд“; одеднаш, Земанек инстинктивно ме турна, оти се слушна сирена на воз, многу блиску; веќе во следниот миг ние се тркалавме по насипот, и јас и Земанек, еден преку друг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По кажувањето на аптекарот на Општинската болница каде што мртвите и ранетите ги носеле, и мртвите и ранетите ги фрлале еден преку друг во колички за ѓубре.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ги подаваме главите преку една, преку друга, ко овци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се удираме со раце и со рамена и си ги налегнуваме сенките една преку друга...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сонував зелено: гробишта со зелени крстови, на тие крстови зелени врани се кикотат со човечки глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи, таква треска веќе никој никогаш на светов не ќе има: меѓу гробовите се движат еден преку друг зелени коњоштипи, лепливи богомолки и гасеници: гризат камен, голтаат песок и иловица: нивната алчност ја истанчува земјата - под неа се отвораат зелени бездни од кои по ништо се качуваат стоногалки, жегавици и пајаци: гнасните бубачки ќе војуваат меѓу себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)