преку (предл.) - еден (прид.)

Преку поточето, низ буковата корија, се качуваше тесна патека, лазејќи кон ридот, кој се викаше Гола Глава, префрлувајќи ја височината преку еден превал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се качи горе, ја зеде вилата и преку еден отвор, специјално направен, почна да фрла сено долу кај овците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јанко штом дошол до нужникот, ги оставил наланите и бос по снегот, се префрлил преку едно ѕитче.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ги подаваме главите преку една, преку друга, ко овци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)