при (предл.) - допир (имн.)

И насмевка, баш при допирот на ѕвездите - за да можат луѓето долу да пресметуваат на првите дигитрони колку благост збира во една обична насмевка за која се знае дека не се купува на пазар, не се позајмува и не се краде, туку само се подарува.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кога неговите очи ќе се загледаа во моите, и моите во неговите, неговиот поглед не паѓаше надолу, по мојот врат, по моите гради, кон моето меѓуножје, ниту пак мојот поглед паѓаше по неговиот врат, по неговите гради и подолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во добата на невиноста. Неговата и мојата невиност се допираа како два меура од сапуница кои, наместо да се пукнат при допирот, се соединуваат во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)