при (предл.) - пишување (имн.)

Во годината 1984 сѐ уште никој не го употребуваше Новоговорот како единствен јазик за комуницирање, било при говор или при пишување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во еден период, Татко силно се задлабочи во прашањата кои му се наложуваа од постоењето на границите, посебно од тие што ги мина и што требаше да ги мине, при пишувањето на својата никогаш завршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Инаку, при пишување на желбите или тужбите немаше обичај да ги потпалува скараните странки, да потфрла „бензин” на огнот, да ја разгорува кавгата, но немаше обичај ни да ги смирува, да го гаси тој оган ако веќе вивнал...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Фер би било да се предупредат, дури и најблагонаклонетите читатели, дека овде има некои дозлабога здодевни, почетнички и деликвентни пасуси, а во исто време најмногу што можам да се надевам е дека, иако претенциозни, приглупи и необмислени, како што сега изгледаат (а и тогаш), овие приказни, со сиот свој невоедначен тек, сепак ќе бидат од корист како илустрација на типичните почетнички проблеми при пишувањето прозна фикција, и предупредување за некои пропусти што помладите писатели веројатно би сакале да ги одбегнат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)