при (предл.) - силен (прид.)

При големиот развиток на новото течење и при силниот отпор од Бугарија, може да се очекува за него поддршка од страна на Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тенкиот свилен фустан полн со набори, се вееше, се пафташе како на силен ветер, а ѝ се пафташе и опашката од косата и ѝ поигруваа обетките и огрлицата на гушата спуштена на широкото деколте на фустанот и браздичката меѓу дојките кои при силното вртење потскокнуваа како да сакаа да излетаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
При силните мразеви, при студените ветришта снегот ги чува посевите, ги топли и тие безбедно презимуваат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Со време се менуваше ликот на далјанот. Реката запрена среде, при силни води ги поплавувала блиските полиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеше да се случи, доцна во ноќта, при силен дожд, невреме, категорично да побара да си оди дома.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)