при (предл.) - олку (прил.)

При олку јадење, си мислиш, гревота е да збираш зазабица. И земаш од ова, од она, мешаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сличен е неговиот настап како и утринава, си личат зборовите еден на друг како и плодовите, да ги спомниме на пример црешите, а притоа доктор Пачев не заборава да ја изрази и дилемата во вид на отворено прашање: Како може да се исчезне при волку високи ѕидови и затворена порта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)