со (предл.) - петстотини (бр.)

И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ќе треба да го ублажуваат со петстотини лири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Скопскиот беглер-бег беше и паша – командант на скопскиот гарнизон, та нареди, еден табур од двеста души платена редовна војска да тргне во оваа експедиција, а во Кавадарци го пречекаа и му се придружија тиквешките бегови на чело со Јашар-бег со петстотини свои луѓе и уште толку башибозук, собран по целата Тиквешија за пљачка по Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Та санџак-бегот управува со петстотини војници, тој оди во војна каде ќе го прати султанот, не мрмори, не се колеба во верноста, Бајазит сигурно го гледа со милост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Трајко во кратко им исприкажа што направи на конакот и колку пари бараат за да им бидат спасени главите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)