со (предл.) - влажни (гл.)

Немаш коњ да го бодниш и да те фрли и ти пак да му простиш откако ќе се врати и со влажни очи ќе застане над тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го почитуваше, се сметаше за негов должник од времето на својата свадба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Раскажуваа дека Неделко Шијак му се пожалил со влажни очи - синовите ќе го остават без каменен крст кога ќе сконча, и зетот му ветил со клетва дека самиот ќе изделка крст поголем и од игуменските во дворот на манастирот Свети Никита, на крстот ископано име со букви - овде лежи божиот човек Неделко Шијак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак ја видов; доаѓаше со влажни стомни и чекореше премногу исправена за товарот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад селските куќи на ридот се постилаше зеленило прошарано со купови бадемов цут.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)