со (предл.) - згасне (гл.)

Кога во муграта, брзајќи веќе и со згаснат фенер на чезата, се враќаа тивко в град, попот Никола ја праша Тодора: „Јас знам зошто го направи ова, ќерко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога национализмот лесно стануваше војна! Југославија без Титовата стратегија во светот на неврзаните беше симбол со згаснат сјај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тој како и многумина други арапски водачи веруваа во неврзана Југославија, повеќе отколку што веруваа нејзините жители во неа, во најкритичните години од нејзиното постоење кога нејзините водачи ја почнува пеколната игра на националистичките делби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)