со (предл.) - никој (зам.)

Идеалност има само меѓу планетите во вселената - секоја си оди по својата патека и никоја со никоја не се допира...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Да се чувствувам убава и среќна во своја кожа. Да не се поистоветувам со никој.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога навечер, по враќањето откај сарајот, не можејќи да се скраси в постела, нервозно шеташе нагоре-надолу по плоштадката пред Капан-анот, која дење се полнеше од трговски договарања и преговарања, тој избегнуваше да се сретне дури и со Марин Крусиќ, зашто сега со никој жив не сакаше да ја дели својата болка, како таа единствено да му остана од Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)