со (предл.) - ништо (зам.)

Сега нема место за стамболовска политика. Преродувањето на стамболовскиот режим во Бугарија сега не се оправдува со ништо и претставува еден нов обид на политичкото недоносче да покапризничи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се разбира дека тој покажа интерес за случувањата во Сан Диего, но тоа само го увери дека доживувањата на младите љубовници со ништо посебно не излегува надвор од дури и предвидливиот шаблон така што му беше доволен фактот Едо и Су продолжија заеднички да живеат како што почна во собичката на механичарската работилница на Али во Сан Диего, но сега во станот на Су во улицата „Кинг“, во центарот на Торонто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа со ништо не покажа дека ја добила и дека ја прочитала.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со ништо да се пофали, од ништо да се покуди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само Паун Радевски сега не се меша со ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се подаде, ѝ ја зеде десната рака и ѝ ја целува Ти благодарам што нè прифати, што ни го понуди својот дом, а и својата љубов! Со ништо не ќе можам да ти возвратам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Единствениот контакт што ги имав со човечки суштества, беше пет пати дневно, кога можев да слушнам како некој доаѓа низ ходникот, го отвора, “свинското грло” и ми подава храна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа беше само чиста кутија со ништо друго освен душек.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас ќе речев, „Може ли да добијам нешто за читање?“ Тие велеа „Не“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)