со (предл.) - себе (зам.)

Биди добар, така другите ќе бидат добри со тебе, т.е. така си добар со себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тече и влече со себе сичко што стои пред неа, а на брегови животот чмае у троскот зараснат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Други, не грчки војници, Ангелина и Агрономот го направија тоа во една непрегледна нива што туку изорана, таму, Ангелина ме држеше, а Агрономот ме силуваше, И така, не најдов сили да завршам со себе, ни да пометнам, се предадов, го засакав како свое тоа црно семе и го оставив да расте во мене!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Жените го следеле распоредени во жива поткова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа зафатија силни ветрови да дуваат и го спотераа дождот; дуваа од сите страни, дуваа и од височина, се креваа и од земјата, налетуваа во бранови со прескокнување, со бучење, со завивање; ги витлеа короните на дрвјата, носеа со себе откинати гранки, валми сено и лисја и сѐ што можеа да соберат; носеа и сламени покриви од плевните, ги тресеа прозорците на куќите и втеруваа страв и во луѓето и во добитокот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сѐ се одвива како западниот поим за говорот (во она што, отаде неговата повеќезначност и тесната и проблематична спротиставеност на зборот и на јазикот, го врзува главно за фонематската или глосематската продукција, за јазикот, за гласот, за слухот, за звукот и здивот, за зборот) денес да се открива како маскирање на едно првично писмо5: пофундаментално од она кое, пред ова пресвртување, се сметаше за прост „додаток на зборот“ (Русо). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 51
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сам на масата, си мрмореше сега нешто со себе, а издадената долна рилка тромо му се стегаше и отпушташе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потоа некој ја стави својата тврда шепа помеѓу моето лице и земјата и ме покри со нешто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас го изгубив сопственото „јас“, тебе ти го подарив сопственото срце, душа и име, не знам кој е ден ни месец, водам борба со себе и се презирам светот, како целиот свет да е крив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите ги земаа со себе клучевите на своите куќи, во кои, беа сигурни, никогаш нема да се вратат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се омажив за човек кој со себе ги донесе двете свои деца. Многу ги сакаше. Остана дома да се грижи за нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Непознатиот од Норд-експрес (Strangers on a Train), 1951г. •Во 1950г. не бевте во така сјајна ситуација, после неуспесите на Во знакот на јарецот и Трема.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Е, баш ќе станам крадец, и лажго и вагабонт! Ќе одам во Елдорадо, како оној од филмот, и ќе собирам златни камчиња од реките, нема да учам и нема да завршам факултет, за инает на тато, - продолжував да си зборувам самиот со себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој го пригрна разбирањето, сѐ уште недоволно образложено а уште помалку општо признато, дека шахот е уметност, и дека да му служиш, значи да ги доживуваш сите оние наслади, но и ломења, што ги носи со себе службата на возбудениот дух.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
– „Ете ми трага од луѓе, си рекол сам со себе Силјан; арно, ами што знам што луѓе ќе бидат?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се обидуваше, со сите сили, додека ги имаше, сѐ до залезот на својот живот, да ги надополни овие две големи празнини, првин, станувајќи голема мајка на своето семејство и да трага по својата загубена татковина, останувајќи му верна на митот на враќањето во неа, носејќи ја постојано со себе врската на клучевите од напуштените куќи крај морето, крај Езерото, низ повеќе генерации на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А стана тоа вака. Пискулиев си седеше во библиотеката и ги превртуваше бавно оние свои скрипти што секогаш ги носеше со себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Податоците што овојпат ги соопштува иако се труди да не ги прикаже како крајно сериозна појава, во иднина, додаде тој, а можеби и во некој близок ден, ќе претставуваат основа за многу посериозни приоди кон проблемите и опасностите што ги носи со себе сѐ уште не расветлената појава што во моите проучувања ја именував како наезда на сенките, истакна професорот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Осаменост ли, лукавоста ли на овега, или пак тоа го сторил за инает на браќата и братучедите од кои никогаш не престана да се чувствува предаден - управувањето со Имотот му го препуштил нему, на Сима Симиќ, српски пропагандист, а сам со неколку книшки што го донесол со себе Симиќ, се здал да ги „просветува“ потковичаните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се наведна крај себе и од покрај столот крена една најлон ќеса со хартии, која ја носеше со себе уште кога дојде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред очите му прпелка сив гулаб кренат во рацете на свештеникот на Храмот и подготвен за жртвување, потоа пред очите му се појавува и самиот жртвеник на кој се принесуваат крвните дарови кон Бога од жртвените животни од кралот, од свештениците, од великодојстојниците и од бројниот народ кој во оваа камена градба виде исполнување на молитвите на генерациите од неговите излачени претходници, виде дом на Бога чиешто место на постоење го селеше со себе во своите долги номадски талкања по широките простори од Африка до Блискиот Исток, и конечно на канаанската земја и таму виде и дом за себе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Арсо сфаќа дека не може наполно да владее со себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со благо допрени дланки на завесата, гледајќи кон улицата, зборуваше тивко, речиси нечујно: „Сакав да бидам некаде, да отпатувам во свет во кој ќе бидам сама со себе, сама во себе. Тоа сакање сега е попусто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Седна со нив, и кога келнерите со тешка мака ги истераа на улица, го оставија зелениот во некој влажен двор и ја одвлекоа блондината во малото сопче на браќата влечејќи го со себе и мирисот на лутата мастика.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бараше да му ја сликаат гајдата и да му ја пратат да ја има со себе, да ја гледа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Постојано сакаше да биде во движење, да подработува нешто или да шета или да ги движи мислите со мудрости што ги имаше донесено со себе од светот; и пиеше само вода што се движи; никогаш не пиеше вода што стои: од бунар, од вир, од локва и колку таа да беше чиста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бидејќи имаше време на претек, тајно, без знаење на Рада, веќе ги беше купил венчалните прстени кои секогаш ги носеше со себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
САРА: Каков сте вие тоа поет кој не ги носи песните со себе. Добро, кажете го крајот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повремено преку визијата минуваше магла, ја носеше со себе и ослободуваше простор за нова визија: наеднаш Рубина Фаин е широколика и ковчеста идна родилка во ленена кошула; околу неа , под араратските или карпатски или алпски масиви, лежат разбранети златни полиња или пасишта со онаа трева што кај нас, не знам зошто, селаните ја викаат слак; чекори, чекори, ќе стаса ли на историската цел негде кај што, според неа, крвта се измива со крв?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Проклетство”, помислува 45-годишниот советник на воената управа на Егејот, „треба одново да се навлекува онаа маска од добронамерност, тој сигурно влече делегација од Чифути со себе”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
„Чекајте“, застана меѓу нив Онисифор Проказник. „Меѓу себе ли ќе се колеме? Ајде, Никифоре, ќе се помолиме на гробот Неделков. Погледни, луѓето чекаат некој да му ја испрати душата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите копнеат да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да се пензионираат, пензионерите копнеат за здравје, а сите копнеат да умрат, и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ќе носам со себе само шише вино. Темно како нечиста крв.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Сам со себе, сега можев да си признаам колку болно се чувствував.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кузман не зажали многу за Пенча кога чу дека татко му го одвел со себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но вистина е, застрашувачка вистина, дека наспроти величината на злосторот што нацизмот со себе го влече, секогаш е можно да се направи релативен, нормален, реапроприран, доместициран.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со себе си): Види го ти него копил, и јас Грк, ама и тој погрк! (седнува прилепен до Николакија и со смеење): Бре, само што те нареков кир Николаќи и стана итар како мене.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сакал братов да го земе малиот, да го води со себе и да го направи борец против поробувачите, но не успеал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зад себе нѐ остави нас и својата сиромаштија. Ја остави или ја понесе со себе, во својата голема празнина, во својата пустина. 50
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ околу него се заврти, се измеша и почна да се губи, да се преселува некаде другаде, далеку, влечејќи го и него со себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Токму тука, на ова место, додека е зафатена со себе и со внучињата а и со Костадина кому му е наменет полниот чипчак со чај, до Добра се прибира нејзиниот маж, ги крева неколкуте бовчи а нејзе ѝ дава ишарет да го проследува по дирата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На своите осамени обиколки на синорот беше стигнал да се зближи некако со говедарката Ристана Голушкоска со син ѝ Димко Силистарко, па тие, не без сочувство за нивните страдања во туѓа земја и меѓу туѓинци, брзо ја разнесоа низ Потковицата: Додека бил Видан малечко и додека мајка му можела да работи, го водела со себе по белградските господарски куќи за да ѝ помага.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога се врати мислам дека со себе ја имаше донесено половина Русија. Што во торбите, што во главата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
АНТИЦА: (одскокнува на страна). Па ти тоа, па тоа! (со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Поминал царот со зетои си и со сета војска и кога виде ќелешо кај туку се кашкал со коњот во батакот, многу беше се устрамил и се препраал ѓоа не го гледат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но и ако нема место каде да фрлите отпадок, не ќе се уморите ако го носите малку со себе и го фрлите таму каде што никому не му пречи и не создава грда слика.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Пливаш во парите, ја уживаш моќта но образот ти е избербатен беднику неподнослива реа се шири ко кочина од тебе лажлив контаминиран скоту Затни ја таа слаткоречива муцка биди за момент доблесен и признај колку ли гревови носиш со себе додека пред сите изигруваш светец
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И самиот во раскажувањето беше сличен на лавина што се спушта од глуви врлежи, со татнеж, разбрането и грозоморно уривајќи на својот пат стогодишни стебла и довлекувајќи со себе мирис на покосена боровина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нѐ туркаат и нѐ носат со себе, како да сме зрнца песок, случајно затечени на патот на зазбивтаната вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Поттикнати од потребата за поголема безбедност преку користење на физички и институционални граници, како и од 120 Lizabeth Cohen,“From Town Center to Shopping Center: The Reconfiguration of Community Marketplaces in Postwar America,” The American Historical Review 101 (1996): 1059. 121 autonome a.f.r.i.k.a. gruppe, “Communication Guerrillas: Us- ing the Language of Power” in Battling Big Business: countering greenwash, infiltration and other forms of corporate bullying, ed. Eveline Lubbers, (Melbourne: Scribe Publications, 2003), 173. 102 „постојаните обиди за симболизирање на статусот преку забележлива потрошувачка, рекреација и исклучување“122,
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
– „Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати што ми ги кањараш ти мене, си велел сам со себе Силјан, дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи има в град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тогаш, бегајќи од неа, од колективизацијата, последниот од Акиноските, Јован Акиноски, го однесе некаде со себе и тевтерот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но тоа несовршенство не ја оправдува големата промена што звукот ја донесе со себе.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Умеам да господарам со себе, не патам од халуцинации, не сум ни мистик, ни егзотичар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овие книги, особено втората, најчесто ги цитираше во својот незавршен проект и постојано ги носеше со себе, при сите преселби.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вака стуткан и модар од муграта, не носеше со себе ни страв ни доверба. Како да не беше тој.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За другите тоа беше борба за рехабилитација, за него - нешто подлабоко, рамносметка со себе, преценка на својот животен пат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сефардските Евреи, доселени во оваа маало уште во средниот век, го носеле со себе и во себе јудеошпанскиот или ладино-јазикот, старошпанскиот јазик од времето на Колумбо и Сервантес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, претходно да те прашам дали со себе носиш лични документи? - Се разбира.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И ја заклучи источната одаја, и клучот со себе го зел, па го пренесол умножението, без никому да го покаже, во западната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што подразбирате под „разговор“? Речникот сугерира некои значења.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се почувствува побезбеден и што е најважно, се почувствува повторно важен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чудна земја ќе биде оваа, си рекол сам со себе, зер долна земја ќе биде оваа!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И пак нешто раскажуваше за Кратово и за топилниците на сребро, дури и повеќе, и за некоја жена што тој можел да ја поведе со себе ако во Кукулино не го чекале дечињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Влегувам дома и си зборувам со Ѕвездана, а пак сама со себе: - Е, ја испратив Капинка, синко, велам, си отиде Капинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама Мисајле Ковачот за шега му го одврзува коњот и го поведува со себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Устоличувањето на писмото е устоличување на играта; играта денес се препушта самата на себеси, бришејќи ја границата од која, како што се веруваше, може да се регулира кружењето на знаците, повлекувајќи ги со себе сите успокојувачки означени, редуцирајќи ги сите утврдени места, сите засолништа вон играта кои го надгледуваа полето на говорот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мајка, стапната на брегот, му рече: – Ако го бараш твојот ракопис кој ти беше оставен на масичката пред прагот, јас го зедов со себе! Не грижи се, го чувам добро.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со себе како млада тинејџерка ја носеше својата мала, но скапоцена камера. Ја носеше секогаш обесена на вратот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
– „Ах, проклет да е тој саат, си велел сам со себе Силјан, кога им грешив на мајка и на татка, да ме втаса ваква клетва, бев човек сега и да си ги пречекав сватовите, и јас да се веселам како сите што се на свадбава.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но сега Коле е редовен. Не изостанува, зашто мајка му веќе не оди по полето: работи по куќи, а со себе ја води и сестра му.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да имаше власт над сонцето, сигурно ќе го изгасне дента кога ќе требаше да се упокои, за другите да ги повлече со себе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најпосле, беше кандисал дуовникот и го зел Силјана со себе за на аџилак.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Никола, остави ги твоите приказани. Ти не можеш со себе сѐ да однесеш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А потоа се разгледал наоколу и кога се уверил дека никој не го гледа, си рекол сам со себе си: — Трај, Трајче, не се фали многу, оти и на млади години ваков торлак си беше“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Свиткан, со забуцана брада во колениците, ни буден ни мртов, чувствував дека земјата лази под мене, тече и ја носи со себе топлината на луѓето и на огнот. Ако пуштев корен и самиот ќе се движев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така тие си ошле сами на брак, а Мара си останала дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бремето што Рада го носеше со себе беше преголемо, па реши да ја посети црквата во градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во Париз, на пример, се смета навредливо и многу просто ако загледаш некоја жена или ѝ дофрлиш некакви непријатни зборови, но на секоја од нив можеш да ѝ се приближиш ако носи со себе кученце и ако тоа го држи в рацете - можеш да го помилуваш, а пак дамата за ваквиот гест ќе те награди со насмевка...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога ги менува чантите, ако е посвечено облечена, па не ѝ одговара таа што секој ден ја носи на работа, во другата, свечената, го преместува и огледалцето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јан Лудвик го исмеваше нашиот свет и тврдеше дека тоа е лажен свет, дека е илузија; ние моравме да се браниме себеси, да го одбраниме светот во кој живеевме, оти немавме друг свет, свој свет, како што имаше тој; ако го изгубевме светот на Партијата, ние ќе останевме сами со себе, и ќе моравме да погледнеме во празнотијата на сопствените души.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ПАРАСКЕВА: Очите ти се црвени како крв. Косата не си ја исчешлал со месеци. Ноктите орловски. Што правиш со себе?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Законот не дозволуваше тие жени, сеедно од која причина сопрузите ги исфрлиле од дома, да имаат право да ги земат со себе децата, доколку нивните мажи не ги исфрлиле и децата заедно со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислеше на маѓијата на сите дивинки да се враќаат секогаш на она место, од каде што си ги скорнал првпат, но и тоа го стори повеќе како да се шегува со себе си, бессилен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа мајка му го закла петелот што го имаше ветено за да му ја стави главата во гробот на Илко како курбан - за да не повлече со себе некој друг од фамилијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не водеше сметка дека ноќта може да го фати предвреме и дека не си зел со себе ни барем мало ложниче од козина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сигурно и вам ви е познат оној став што секогаш го користиме како изговор кога не знаеме што точно да правиме со себе и велиме „само малку, колку да утепам време“, а го кажуваме со длабоко потсвесно сознание дека „времето нѐ утепува нас“.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сега, кога имал со себе само двајца комити, Јонета и Гелета, кавалот му било уште попотребен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Кандилата се занишаа и иконата од свети Илија почна да трепка со очите“, — тврдеше маѓерот Стојко Попов, кого нарочно Стале го поведе со себе во црквата да присуствува и да биде свидетел колку е „посветен“ дедот Стале, кога може да се кара со самиот свети Илија, та дури и кандилото пред неговата икона може да му го искрши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И одат луѓето нагоре, водат јаре и магаре, водат сѐ со себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се бореше со себе: - Ти навистина понекогаш немаш врска со реалноста – застана, воздивна и ја поврати познатата симпатично препредена насмевка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Она умирање, кога нема што да се прави со себе, сите го имале барем по еднаш во својот живот; разликата беше само во тоа што кај него сѐ беше неспоредливо поголемо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Осаменоста - товар што го носеше со себе илјадници, милиони години, без да може да се ослободи од него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Секој војник, секој „победник“ влечка со себе пони-велосипед.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со хебрејскиот јазик се служеле рабините, додека во домашната употреба ретко бил практикуван.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едно утро, нѐ разбуди гласот на радиото, во форма на паун, коешто Татко го донесе уште од Цариград и го носеше со себе при сите преселби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кои се книгите на Монтескје што ги носиш со себе?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го повлече со себе како да го корне од скрка. Останатите тројца намуртени го испратија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ми е некакво генералче, мајка ми некогаш беше прифатена во високите кругови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
– „Сполај ти, Господи, сполај ти, си рекол сам со себе Силјан, дали на Крушово се наоѓам овде и го гледам нашето поле?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Над платното лежи твојата рака фатена во градината на боите. Ти ми го понесуваш со себе убавото зајдисонце оставајќи ме на брегот по кој паѓа темнината како црни саѓи по белите постели.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сам со себе ќе се изедам! (се слуша јако и непрекинато чукање на портата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Слушнала на млади години, поминати во крајезерскиот град дека еден нејзин сограѓанин поет, шетајќи крај езерото, зборувал сам со себе. Тој така ги составувал своите песни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие ми држат стража пред светот, често несигурна, толку опседнати со себе си, што забораваат на човека.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Акцијата Операција грозје бараше од учениците да бидат соодветно облечени и да понесат со себе нож за да ги сечат плодовите на другарот Дионис.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Некаде од Прилеп али од Битола, каде што живееја неговите подалечни сродници и каде што и сам имаше куќи и хотели или од Солун, од Софија, од Загреб, од Берлин, од Париз, од Лондон, каде што бил да ака, рано напролет, заедно со ластовичките, туку и тој ќе долеташе на Имотот и ќе довлечкаше со себе и една секогаш различна, но секогаш ситна и црномуреста граѓанка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Велот на морализаторството и сензационалистичките прилози по разните медиуми направија информациите за дрогите и ризикот што тие го носат со себе да станат недостапни како за родителите така и за нивните корисници.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И брзо, неповрзано и нејасно ги заплетка зборовите прскајќи нѐ со ситни капки: - Сум ја чувала, и сум ја гледала, и сум ја ранела осумнаесет години, проклета да е, и сум бдеела ангелски над неа, а таа - ни благослов да побара од мене, се фатила кучката со некој пијаница, и ајде без збогум, како да нема мајка, а јас овде од грижи се сушам, не зела ништо топло со себе, може да настине, чедо мајкино, тој не ќе ја чува, пак мајка ќе побара, а јас...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите пијат, пејат и се гушкаат со Илија. А и секој со секого. Некој само со себе си се гушка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Патема собраа со себе што најдоа: луѓе, стока, и за инает ги запалија сите посеви кои веќе чекаа срп и им нанесоа големи штети на селаните. – Море кој ги гледа штетите кога останаа главите – се тешеа селаните и еден по еден се прибираа по селата за да почнат нов живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Татко живееше со илузиите на заминувањето влечејќи ги со себе и Мајка и семејството, но сега како да беше дојдено времето таа самата да си ја провери илузијата на враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие беа рај за очајниците и безделничарите кои не знаеја што да прават ни со себе ни со животот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Поради тоа е вообичаено учесниците на ЛСД сесиите со себе да носат музика која најмногу ја сакаат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јован ја понесе со себе, за последен пат, миризбата на пресно варено млеко, која испаруваше од нејзините пори, кога се гушнаа... ја остави со осум деца, иако тоа не е машки, по патот одјава кон планините... ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А ние ќе си останеме тука, сами со себе, и ќе почекаме малку додека не разјужи, а тогаш ќе поработиме малку и после еве нѐ и нас в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Покрај тоа, бидејќи зборовите/ поимите автоматски ги носат со себе нивните опозити,- кои, делумно, делуваат како некој вид автоматски ограничувачи на значење - да го погледнеме парот „разговор/не-разговор“ Разговор: - општествен однос; зборување заедно, неофицијален или фамилијарен говор; вербална размена на идеи или информации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
– „О јас сиромав, си рекол сам со себе, угоре високо, удолу длабоко, да се вратам, кај џевнем да одам?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога си заминувавме дома, милиционерот го посоветува тако ми: од утре, на дедо да му ја напишеме на едно ливче адресата и телефонот, и постојано да ги носи со себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ме догледа и пискотливо ме викна додека ги ширеше рацете како да ме пушта внатре. - Ти бегај. Носиш мачка со себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
РИСТАЌИ: (слегува и додека стигнува до портата од двориштето со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сигурно со себе си се смееше војникот од сонот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Знаеш, можеме да купиме куче, па секогаш кога ќе се шетаме низ паркот, ќе можеме да го поведеме со себе. (Морам вака ублажено да ја наметнам темата за детето).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
По пет века Тицијан си го гледа сопственото платно со баретката на Че Гевара и си мрмори нешто сам со себе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Симболичката поливалентност на Fontaine ѝ се спротивставува на буквалноста на Pilant... de voyage.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Куле го зеде Димета со себе, Андон детето, а Мирче и Толе тргнаа напред пред булукот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Единствената работа, што ја носеше тврдоглаво со себе, беше неговата долга француска пушка, која секогаш би била нешто лесно за носење, но сега тој многу често се наоѓаше себеси како веќе ја посегнал раката да ја соне од себе и да ја зафрли некаде во тоа модрило и еднаш да се спаси од крвавото жулење на нејзиниот ремен во рамото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тука, пред сите, му вели таа во себе, се заколнувам дека нема да те заборавам на оваа тумба, кога ќе се враќам назад во Македонијата, ќе те земам со себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А кога некогаш ќе го откриеше кучето по миризбата што го носеа со себе, тогаш тој се преправаше дека заспал или дека го фатиле силни грчеви во стомакот или го исчашил глуждот од ногата и не можел да оди.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Собрал царот војска и зел зетои си со себе, та тргнал да оди на бој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му префрлуваше на починатиот Татко, со тивок, речиси нечуен глас во тажачките, што и тој не ја зел со себе, за да не го живее остатокот од животот без своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дали поради заминувањето на Пела на училиште или поради поставеното барање поинаку да се облекува, таа речиси цела ноќ водеше разговор самата со себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се вљубив. Човекот во кого се вљубив не ме сакаше. Ми рече да се чистам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ај да се допрашуваат, ама и севезден да ги пропагираат латинските поговорки: сѐ што имам со себе, ова бале со мало црвено веленце, се наоѓа ноќум за зглавје на жешкиот асфалт, ова пластично дволитарско шише од цоца-цола лигхт најдено пред контејнер, штоако сум бездомник – знам дека гладен може, ама жеден не може.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Како заборавени од секого си стоеја тие две книги на черчевето, оставени да си зборуваат, ако можат, сами со себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Додека јас бев отсутен, обземен со себе си, Коле наредуваше околу пијачката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
– „Ах, јас сиромав, си рекол сам со себе, дали така ми било речено, наместо од прасе месо да јадам понапред, сега си јадам жаби; наместо јагули и риби напред што јадев во златниот град Прилеп по ладните меани, сега си јадам гуштерици и кауѓерици.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Е ... колку пари ќе ни чинеше кожава да ја потурчеа! Колкаво леќе за вујка е кир Ристаќија! (со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Гладта на пронаоѓачот ако ја водиш со себе значи си ја дофатил насмевката на детето во себе. (Дали станува збор за риби во летен азил?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Лудача една, си велам самата со себе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ја понесе од тоа само леснината на трезноста, од која чекорот му стануваше поцврст, а задоволството со себе заминат и од целата таа утрина сега можеше да му узрее во радосна насмевка, што ја сети во своите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иван Иванович секогаш му дава на секој од нив или ѓеврече, или парче од диња, или круша.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Бојан го грабна стомнето што го беше донел од колибата, а Денко ги зеде двата термоса што археолозите секогаш ги носеа со себе, па се стрчаа по патеката што се спушташе кон стубелот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Својствата на музиката му се спротивставува на календарското време и начин на живеење; сѐ подредува на себеси; од еден и еден прави еден човек; не ја злоупотребува искреноста; ја ублажува сличноста меѓу несреќата и страста; ја збогатува крвната слика на емоциите; луѓето ги дели по слухот; процес е кој трае без оглед на злосторствата исчезнувањата, паѓањата во неа емигрираат немуштиот јазик и душите потребни ѝ се помошни средства луѓе и тишина; се нуди во најразлични изведби; предизвикува природни феномени затемнување на сонцето на љубовта, рамноденица труење со хармонија музиката е без предрасуди не озборува, не осудува избезумува те заведува, те заведува и кога си во нејзини раце те остава сам, со себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Царствата пропаѓаат полека, отмено.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Клокотеа од задоволство кога го прашаа влечејќи го со себе без напор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како да се објасни некому дека блесавата фраза „нема проблем“ - којашто со себе како јазичен сувенир од Југославија ја понел секој турист - престорила во црна фарса цела една земја.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кусите денови на студенилото носеа со себе сива здодевност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мис Стон го прочитала тој расказ во некој од весниците што ги носела со себе, и бидејќи очигледно била збунета или изненадена од верувањето на Јапонците дека со душата можат да упрауваат и некои други сили покрај Спасителот , побарала и негово мислење по ова прашање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Право кон езерцата! Таму беше потивко, ама имаше многу љубовни двојки по клупите и во тревата, се прегрнале, се гушкаат, се бакнуваат, а нам ни беше непријатно да им се моткаме наоколу и решивме да ги оставиме на мира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Тоа не е никаква професија“, се огласи металниот глас од полициската кола како да разговара самиот со себе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И, еднаш, Мајка реши да си ја земе со себе кафената бунда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Буквално болен од љубов, стенкајќи одвнатре со секое нишање на возот и загрижен дека засекогаш сум оштетен, ѕиркав надвор во жолто-осветлените станици каде осамени мажи стоеја пред огромни реклами, слики на раскошни манекенки изобличени со графити - истите стари навреди и повици; ДА ТЕ ЕБАМ, ПУШИ МИ ГО.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Радоста од Силјана се свртела на преголема жал и плач и тогај дури се уверил оти штрк ќе си биде и штрк ќе си умре. – "Ех, кој не слуша татко и мајка, си рекол сам со себе, клетвата го фаќа, нели ме донесе Господ на мојот вилает, не ни е толку жал, чунки овде ќе си умрам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дадов отказ. Човекот што ме вработи се закануваше дека ќе ме убие ако заминам. Не ме уби, најдов друга работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
В недела тато ја зема со себе во автомобилот и ја шета низ градот и околината, за да ѝ биде убаво и весело.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Преку ноќ чудовиштето можело да биде онакво какво што тој им го опишал но по ден тоа ќе се исплашело од темните влакнести лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со себе носат девет коњи и едно магаре кои ги оплачкале.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чешмата вода има, гората засолниште, сигурно нема да бидат забележани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го носел со себе од студениот север сѐ до топлата Африка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Брат ми ѝ објасни дека пудриерата ја купил во некоја старинарница, а мајка ми обожава стари предмети, колку постари- толку повеќе ѝ се допаѓаат, а од ова огледалце просто не може да се одвои. Го носи со себе каде и да оди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еднош м'ж и жена, татко је и машчаа је, ќе оделе на брак и ја викале со себе и Мара да ходит на брак со ними.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја носев со себе пораката за Лакхдар Брахими.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За нив сите знаеја, и христијаните и Турците, дека носат оружје со себе, дека се во дослух со горските самовили и духови и, воопшто, со дивината според чии недофатливи закони честопати и се однесуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој ветар ќе ја повлече со себе пешадијата наострена за бој! Веднаш зад петици на коњаницата лута!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Силуетата води љубов со себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Струеше тоа леко и меко, доаѓајќи од некои далечни западни врвови на Плачковица, носејќи со себе миризби на далечини, на задпланински полиња...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Луција не сакаше да ја допирам и не ми го даваше своето тело, а јас горев да ја имам; не ми ја даваше ни својата душа, иако јас чувствував дека се бори самата со себе, дека е на чекор да ми ја подаде барем неа, душата; но гневот кај мене се јави кога таа одби јас да ѝ дадам нешто: мојата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Човекот како да сака да и олесни на сопствената болка и на маката што ја влече со себе, ги повторува и ги преповторува зборовите на старичката и, тврдо газејќи напред, не свртува опул зад себе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Слично на нечистотијата што ја влече со себе надојдената вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога пораснал синот, почнал да се плаши од смртта: ја гледал како му доаѓа во сонот, како го зема и го води со себе. Се будел исплашен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Патуваше крај реката Полжавот. Сигурно одеше на далечен пат штом со себе си ја носеше куќичката со целата покуќнина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Бездруго дека далеку повеќе сум слушал од него отколку што тој прочитал мои текстови, иако знаев дека со себе, во внатрешниот џеб на кожената виндјакна, носи книшка од цариграскиот поет Дагларџа и понекогаш ја прелистува и ми преведува стихови што го освоиле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со себе понесов и два ножа. Не знам од кои причини.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неколку книги. Секогаш, така, носам со себе некои книги.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тешкиот мирис на крв, гној и хлороформ, без престан го раздувува ветрецот што дува од кај ливадите на Долна Арена и со себе го влечат двете рекички што се сретнуваат на крајот од котлинката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Нема да му дозволам да го распарчи имотот... –се бореше таа со самата себе... војуваше со себе си.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пред да сфати како паднало последното младо стебло (биле исечени за цела зимска седмица), Лозан Перуника го видел предавството на крвта, на годините, на прегладнетоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Треба нешто да сторите со себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Прашува со претчувство, тихо, безгласно скоро: - Што? - Ти сам со себе разговараш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Или кометите да те понесат со себе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Осоколен од љубопитните очи на девојчињата, кои со нетрпение очекуваа да дознаат зошто сум ја зел скалата и каков мајмунлак сега готвам, го презедов најинтересниот подвиг сам со себе, оти човек себеси треба да се запознава цел живот, оти може многу повеќе да стори одошто мисли дека може, и одошто општеството, преку дипломи и документи му кажува дека може.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас со Зифел-жидот над педесет илјади минатата година лажни пари протурив, па него и го поткажав; сите пари со себе Јулка Шарпентје де Лусињан во Бордо ми ги однесе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се гордееш ли сам со себе. Сега кога ништо немаш.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Никако не му даваше рака на дуовникот за да го носи Силјана со себе на Божи гроб, чунки сакаше да арчи пари за него повеќе отколку што му чинеше ругата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тоа би изгледало дури по малку неисправно, како опасна ексцентричност, како да зборува сам со себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И сите од ред почнаа да ѝ честитаат, а Пела се протурка до мајка си и се закачи за нејзината рака, ама не побара да биде крената, ама мајка ѝ како да сфати што сака па ја израмни со себе за да може да гледа одгоре.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Бездруго веќе знаел како морало да се случи: Арсо Арнаутче ја фрлил секирата и, чиниш во пад е, ја повлекол со себе покорената жена кон невидени длабочини, поточно кон земјата од која ќе почне нивното барање на длабочините додека ќе ги сменуваат писоците од уста в уста рамно, од месо в месо; ја видел, трет во тоа збивање, испреплетеноста на змиската игра и со обете раце се фатил за првото стебло како да ќе го искорне; само се лизгал со дланките по мазната кора паѓајќи на коленици и удирајќи со главата во празно како да стресувал од вратот копривно лути гасеници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Патрокле се намести добро на веленцето што го влечкаше со себе и одново се предаде на своето брборење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Постои паралела со Кралот Иби на Жари, кој совеста си ја носи со себе... во торбичка.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
– „Од кај ќе знаат овие луѓе, си рекол Силјан сам со себе, по мојот јазик, за да им речам добровечер“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Задоволен, носеше со себе преполна чанта со книги и дефтери.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пак му се заѕури во лицето и сакаше да го стисне за гуша, да го удави што не му го доведе детето што го зеде со себе. – Кадијата од Прилеп ги собра сите деца од Атпазар, па и нашиот Ѓелета го плени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој беше задоволен со себе, зашто по еден убав и, како што му се чинеше, вешт начин, успеа да го направи првиот чекор кон делото што му го изискуваше неговата љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овој пат тој го имаше вистински со себе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Старите патници не ги збуни прашањето на германските царинарници дали носат со себе ракија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сепак, ние сме расата хомо-сапиенс. Создадени сами со себе и за себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Бегавме и со себе ја понесовме и војната која сѐ уште трае.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Клара им помагаше, но не го идеализираше мајчинството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зашто мирисот што таа го носеше со себе ги покри тогаш сите мириси на летото.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чанга, откако брзо се описмени, носеше со себе еден жолт бележник во кој постојано нешто бележеше, допишуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Крајот на цигарата се лепеше за сувите усни, ја влечеше испуканата кожа со себе. Тутунот е најарен дијагностичар, се сети. Не за лудите, за болните од треска додаде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нивниот краен заклучок во однос на ова бил дека "изгледа скоро неверојатно дека Србите ќе се согласат да ѝ отстапат територија на Бугарија за која тие четирипати се бореа во 30 години; и последно, предлогот сигурно би предизвикал спротивставување на Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Делчевците влечеа со себе картонски куфери и кутии исповрзани со коноп, полни со најразлични работи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ПОП ЈАНЧЕ: (излегува од куќарчето играјќи си со бројниците со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Со себе си): Е, сполај му на бога оти еднаш веќе ве донесе!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ги отпечати расказите и со Зипото кој иако беше непушач секогаш ја носеше со себе, за пријателите пушачи да не ја прекинуваат сред збор нервозно буричкајќи во ташната и реторички извикувајќи „абе кај ми е упаљачот?“, потпали убав оган.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Го зеде синот со себе... И неговиот син...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Луѓето од тој крај никогаш не им се чуделе на крастите - срцето е здраво, и на ѕверот кожинката му се митари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се врати и на вратата од собата на Висара закова ново резе и стави нов катинар, а клучот го зеде со себе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Секој ден заминував од дома за да заработам за живот, но ја мразев работата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ридот со неколку дрвца стрмно се качувал кон својата гола грпка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неочекувано се сети на плачот Еремиев: „Меѓу сите оние што го сакаа, тој нема утешители.“ И зашто не можеше да заспие, разговараше со себе и во себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бремето сѐ повеќе се оддалечуваше, со себе носејќи ја нејзината болка, оставајќи можност на спокојот полека да се избиструва.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
АНТИЦА: Ако си од благо, благо да ти дам (кинисува и со себе си): Ааа... ќе се рече стројница си дојдена, Е не ќе те измие.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го сакаше зашто ним им ја оставаше радоста, додека грижите и осаменоста ги носеше со себе во кројачкиот дуќан, ја разбираше секогаш, а ја прекоруваше само со поглед, го сакаше зашто сакаше за сѐ да разговара со неа, го сакаше зашто го гледаше колку му недостасува мајка ѝ, а при тоа го гледаше како ги задушува емоциите кои излегуваа само во вид на повремени, несвесни воздишки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нема да понесам со себе ниедно небо, во ниедна боја. Не, ниту трошка апстрактност.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ретко раскажуваше но кога ќе почнеше, а почнуваше кога луѓето не очекуваа, не се запираше ни под удар на порој ни под уривање на лавина што се разбудува од извик на дрвар или од крик на ѕвер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
овие станбени области со ограничен пристап и класната, расната и културната исклучивост која тие ја носат со себе претставуваат директна закана за „поопштите идеи на граѓанска заедница, комшиска поврзаност и заемна поддршка“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Дојде друга птица со глас на Спиро Првославец и кажа дека сега знае, пресметал, утре пред ноќ дружината ќе биде во Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гапка кај него ги чува клучевите од оставите и од подрумите; клучот од големиот сандак, што стои во неговата соба и од средишната остава Иван Иванович го носи со себе и не сака никого да пушта таму.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се наприкажува Ѓорче сам со себе и тргна пред четниците, за кое време тие се собраа околу него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Боб: Зошто? Господинот е самиот со себе, се огледа во сопствената слика.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога не можат тие да се измолкнат од дома и сами да дојдат, ги водат со себе овде и жените.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Си го зел со себе внука си Велка да му ги тера воловите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Опасноста доаѓаше од Марлена Дитрих и од нејзиниот партнер - тие беа негативните јунаци - но не носеа опасност со себе, бидејќи се плашеа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јас веднаш решив со себе, само ако можам, да му ја преотмам на Миќо, а на ниедна од другите ни око да не свртувам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ферментира стравот, срам и проклетство ме обземаат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со себе сега не ја носев топографската карта на местото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А и пари не носевме со себе за да свртиме едно кругче со автомобилчињата, па така немаше што да се размислува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
– „Хаа, не сум Охридско Поле и Струшко; чунки тамо вакви луѓе нема со олку долзи носеви и олку високи во нозете; овие луѓе не се асли како нас, си велел сам со себе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тегобата од таквата помисла ја криев во себе и со себе ја носев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За тебе тоа беше ноќ што ќе те прогонува во соништата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Е, тоа кутриот спанко не можел да го поднесе, па прибегнал кон најсуровото, за него единствено решение, самоубиство, но откако прво со себе го понел и семејството.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овде во Америка, стискајќи ги во раката своите книги, својот единствен ID (кој, се чини, не вреди), ја чувствувам сета трагикомичност на EEW, етикетираниот источноевропски писател, кој своите несреќни татковини ги влече со себе како задолжителен багаж, што секако, дури овде е присилен да го влече.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А кога ветрот ја однесе со себе и долгата зимна ноќ и кога на нејзиното место ја истури виделината на тој немирен пребликнат ден, занесувајќи ги по својата насока тешките капки на капаците во неговата стреа, Змејко веќе немаше што да чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го напуштив Балканот во времето на југословенските братоубиствени војни, но го носев со себе делот од неговите болки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но тогаш, во таа ноќ, на Отец Симеон уште ангели му пееја над глава. „Добро утро“, се насмевна човекот, Отец Симеон се сврте кон него и го остави адвентистот да избега, да го однесе со себе своето ненадејно штукање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во последните две ноќи и во последните две разденувања, ни месечината ни сонцето не се запирале над толпата и брзале да бидат што подалеку од смртта на лутата крв што селанецот ја носи со себе од оној ден кога како глембаво новороденче ќе се стави на јачмена слама.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа од другиот џеб извади едно друго шамивче, врзано во јазол, па рече: - Еве, да видиш, ова се чешниња од лук, ја секогаш ги носам со себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
ЛУКОВ: Добро. Не заборавете да земете и клуч со себе. И... не задржувајте се долго.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Остави ги тие тефтери и фермани што си ги зел со себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа треба да ги исправи војничките глупости на Гетстапо и на СС кои направија вистински дар-мар, го организира она беспотребно злоставување на Евреите од градот под образложение дека се работи за претходна дисциплинска мерка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Веќе брзале влечејќи го попот со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За да се соземам, почнав да го разместувам она малку што го бев понела со себе. Не зедов ништо повеќе, реков, нема долго да останам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И последните бугарски војски се источкаа преку Витолишча и собраа со себе сѐ што најдоа; ограбија што можеа да носат; собраа стока што можеше да се тера и ја поминаа Црна за да дадат отпор некаде по дренската планина и Бабуна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но кога тој нараснал а таа почнала да поболува, морал сам да заработува за двајцата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас, поради знаењето на италијанскиот, требаше секогаш да бидам напред, те влечев со себе! – Така беше, мила, ништо не си заборавила. – А се сеќаваш кога бевме кај Фонтана ди Треви?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А тоа дека министерот секогаш го носи писмото со себе, веднаш треба да го исклучиме.“ „Несомнено“, рече префектот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Понекогаш кога ќе си спомнев за тоа, што слатко, што безумно сум се смеел сам со себе како некоја сирота будалетинка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Оваа разновидност, без двоумење, ја препорачува лингвистичката интерпретација, зашто со себе го носи контрастното видување и го свртува вниманието на еден битен аспект - исклучиво пластичен или естетски аспект.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)