со (предл.) - аплауз (имн.)

Бидете сигурни дека ќе истраеме на нашиот пат! - Ќе истраеме! – прифатија со аплауз водичите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Некои од нашите во делегацијата му се придружија со аплаузот, но први престанаа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бегајте! Диносаурус! Гледачите уште еднаш се смеат и ме наградуваат со аплауз.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Филип скокна од купиштето, пречекан со аплауз: „Ура! Еве, кој нема страв од змии!“ се потсмевна Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)