со (предл.) - бурек (имн.)

Ако со бурекот си го поделил и срцето на пола, па таа една дропка од органот си му ја подарила засекогаш, а вечноста тогаш траела неколку месеци плус еден дочек на Нова година, што значи до утро, тоа не е за заборавање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Едни донесуваа, други ги однесуваа испечените тави, тепсии со баници и со буреци, разни татлии, сомуни лебови наредени на долга штица и завиткани во топли цедила, грав-тепсиичиња, чомлеци во земјени грнчиња на кои капаците им беа залепени со тесто. Само да гледаш и да не се нагледаш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа му значеше дека со секого може да разговара, со секого му оди зборот: од чистачот на чевли, што го чекаше на плоштадот секое утро додека Миха му се приближуваше со бурек во устата, до последниот гостин - професор по покана - кој покрај предавањето ќе посака и да размени мислења со колегите, повеќе пренесувајќи ги одошто разменувајќи ги своите со нивните искуства.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)