со (предл.) - директор (имн.)

Германија замина со директорот на пат дури кон средината на идната недела без да му се јави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пред покренувањето на спорот таа не преговараше со директорот, а по групното обраќање до Трудовата инспекција, од таму не беше преземено буквално ништо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Доцна, работиме во две смени. Подобро ми беше порано во училиштето, можеби, пак ќе се вратам, разговарав со директорот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Што се однесува до жена му, таа не би можела да има влијание и никаков контакт со управата на средноекономско училиште, освен ако нејзиниот директор немал некоја деловна врска или дамнешно другарство со директорот на школото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Веќе увидовме дека пред да се реши на овој чекор за судска заштита, Авдиќ неколку пати добронамерно се обиде да воспостави контакт со директорот, меѓутоа наиде на арогантен, крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За покренување тужба Ангелеска дефинитивно се решава по заедничкиот разговор со останатите вработени кои беа во иста незавидна положба како и таа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подоцна истиот овој адвокат, лично или преку своите заменици (П.Трајковски и Д.Деспотовски), и го застапуваше Авдиќ за време на спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)