со (предл.) - загар (имн.)

А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со џандари, со `ртки, со загари и со некои нашинци, лижнигазовци, оттаму, од Прилеп и од Битола, ќе клапнеа уште одвечер во населбата и ќе им заповедаа на редовниците да им приготват убави вечери - питулици, мазници, зелници, печени кокошки, пресни погачи, чомлеци и јании; откако ќе се накркаат, ќе се налокаат вино и ќе се акнеа да спијат во гостинските одаи, за таа цел, за нивното доаѓање, предвреме напрашени за од страна на болви, вошки и други инсекти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во секој таков лов, по неколку кучиња од жителите на Потковицата бидуваа убиени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не настрадуваа само житјата и бавчите, туку и овчарските кучиња: ќе се здавеше некој овчарски пес со нивните, со `ртките и со загарите, а тие ќе го земаа на нишан со пушката и наместо мртов ќе го оставеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)