со (предл.) - змија (имн.)

Јаков со змии во косата, свет дух во очите, Јаков што пие роса и јаде див мед, ја маѓепса Кристина која можеше да заведе било кој конзул, зборува француски и грчки како мајчин, Кристина која везе ѓерѓев и јаде од сребро, а татко ѝ тргува со камили по Африка и Азија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Гледав по расцутениот кантарион што му се нишаше над главата, ко запалена свеќа. „Ако се смешаш со змии, велеше дедо, не можеш друго да бидеш.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сети на првата средба со оваа жена, тогаш ја поистовети со змија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одмина тој занесено низ главната улица на градот и исчезна заедно со змиите од спротивната страна на ридот по којшто дојде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се привикнав да постојам ексклузивно, на Погибел дури времето се мереше ноќе како жена дури со змијата ме споредуваа со фалусот и ламјата ја усовршив техниката на помрачувањето, прељубата немам причина да се натпреварувам со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите како нив, но и мене ме застрашува Диве, Ероте, песјата страна на жедбата, ненаситоста, иштафот и мене бесови ме беспокојат, лунки Шејтане, постојано сакам нешто младо - Новина, Полутка, Полнеж устата ми запени од подигање удини јазикот од каскање, чинки чинење од вдахновение и празноверие и мене ме плаши изгревот на зајдисонце коцкањето со светлоста за само три дена лажовен три дена налуничав три дена трикрак, троглав жив-отец и мене ме тревожи што долго веќе многу долго преврат нема вртолун, бела ноќ на мојов месечински, на твојот животински појас вртелешко вселенска, машка анатемо Сонце мое.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сите се разотидоа уште од рано, останав сам и ете, ми било речено со змии борба да водам...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сме се измешале со гуштери, со змии, со кртици, со разни гадурии. Не се знае кој е полиот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Претам заедно со змиите и пијавиците што ми се лепат по кожата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)