со (предл.) - нокот (имн.)

Знајш ли оти сега со нокти душата ќе ти а извада, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Прочитав кај Шимборска дека животот трае Неколку знаци со нокот оставени на песокта Ако побарав од спомнатата старица со бел кок Мислење за ова банално прашање Веројатно ќе изјавеше: Мојот живот уште не почнал!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Останав на местото на кое бев, потпрена на ѕидот од една зграда. Корнев од ѕидот со ноктите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знам колку долго стоев така, а кога младата жена излезе, јас посакав да отидам во домот на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас знам бранови разиграни, ќе те убијат тебе во мене, ќе останеш трага во непостоењето ко споулавен ќе играш во соленото блато на образот ќе ги откопуваш со ноктите нежните насмевки што ги однесе олујата на ова време ко развигорец распеан пратен од ритмот на, чекорот што одминува...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Бедник вовиркајќи се во моето тело. со нокти душата во мразно око, ми ја закопа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тој лежи, а до него кучето, Чако, квичи, завива, гребе со ноктите, копа земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама одозгора еднозадруго ми слегуваат некакви заплеткани конци, некои пајажини ми паѓаат вака право, како голема сенка и јас се барам со рацеве и се бранам со рацеве... Ја кинам сенката со нокти и веќе почнувам да викам, не се додржува гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ваму вошки - прст и плева. Ќе застане човек спроти тебе, ќе зборува нешто за нешто, и само ќе кине меса со ноктите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На крајот си ги чистат забите со голи прсти, со нокти или боцкајќи се со вилушката во непцата околу забите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тие пиштат, касаат, гребат со ноктите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се олабавило, со цело лице се обидело да го побара својот убиец стреснувајќи се од темната врелина што му џбурнала од полуотворената уста и со расширени раце, чиниш со мртвото тело, сакало да го заштити оној што можел да му биде татко, заштитник или учител на вакви сурови часови, паднало врз прпелкавиот грч.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кои неми?“ рапаво праша домаќинот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној под него и ранет ја издржал тежината. Ја копал земјата со нокти во пребавното подавање кон една од пушките и се влечел по црвеникавата земја чеперок по чеперок со мачење на гасеница во чија жолта крв се шири отров од осина боцка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така тие го сардисале гратчето со пушки и топови: истрел - крик, писок на сабја - писок на пресечено грло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас онемував и безгласно повторував со крвави усни - таа е нема, таа е нема, таа е нема. Крв сегде, крв во мозокот!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Чекајте, браќа“, викаше тресејќи се во огништето Никола Влашки: „Дајте и јас малку да им ги копам со нокти срцата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Арсо Арнаутче со нокот ги чистеше забите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Очилата лежеа крај нејзините нозе, во нивната рамка немаше ни очи, ни стакло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гледаше како агентот се занишува, како паѓа и како уште долго гребе со ноктите по подот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Жива, Нумо, мјаука и те дере со нокти.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кај што и тревата се држи ко мачката со ноктите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си мислам: некои пилишта ми застанале овдека и само ме колваат, ме кинат со ноктите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јоле врескаше, пискаше, клоцаше, со нокти гребеше и со заби касаше, та кога татко ми виде, стана од местото да го суреди.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Почнав да копам околу крстот, земјата ми се враќаше назад и најпосле ја фрлив прашалката и почнав со раце да копам, со нокти да гребам и со плачење викав: Мамо, стани, мамо!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)