со (предл.) - прашина (имн.)

До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
1. Влегуваме преку граница, а далеку пред нас се гледа некој чад, измешан со прашина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отруен од егоистични поети и нивните патетични стихови книгите им се облеани со прашини самобендисано се читаат себеси Трујат со песни непотребни и надмено глумат богови на поетски средби здодевни секогаш изнудуваат проливи Проклети силувачи на зборот бесмислени и неинтересни колку ли терор претрпел листот од нарцисоидни убивачи на песни Потрошени се листови тони хартијата претрпела грев и наместо поетски трипови хартијата би служела за огрев
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Оној плачеше со своите огромни, отпуштени раце, се препкаше по темелите, не наоѓајќи си го никаде своето место, а неговата црвена коса се посипуваше со прашина и се излепуваше од потта, гаснејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)