со (предл.) - пријател (имн.)

Пријател со пријател, другар со другар, дури и брат со брат на Овче Поле, во Сојузничката војна, се навреле на штиковите и дури, откако се погледнале доцна се познале оти се браќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Првата вечер анџак се извиде Суло со пријатели. Дојдоа Колобан, Бино даскалот и поп Трајко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И налето, по вршење, ќе се прошета лично бацко Пере по селата, ќе се види со пријатели и ќе ја собере вересијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сака да седи на сонце и да ќути со пријателите.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Но сега, најважен си ти. Убаво помини си го роденденот со пријателите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ја губи врската со пријателите од Кембриџ, а Расел во фуснотата на „Воведот во математичката философија”, која е објавена 1919 година, признавајќи дека на важноста на поимот на тавтологијата за дефинирањето на математиката му укажал „мојот поранешен ученик Лудвиг Витгенштајн”, додавајќи дека не знае дали Витгенштајн го решил проблемот на дефинирање на „тавтологија”, „или дали е воопшто жив”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога избива војната во 1914 година, се пријавува како доброволец во австриската војска, каде што служи артилерија, прво на Источниот фронт, а потоа во Тирол, каде го заробуваат Италијанците во ноември 1918 година.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Јас и ти бевме во ресторан на вечера со пријателите, беше задушливо зошто сите пушевме и пиевме алкохол.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таа спротивност, на пример, е она што ја објаснува навиката на геј-мажите да се задеваат со непознајници, а не со пријатели.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Фала му на Бога - знае често да каже Миртл додека во њујоршките квечерини пијат чај самите или со пријателите - во нашите животи не нѐ растревожија потресни настани”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)