со (предл.) - разговор (имн.)

Одеа така Кире и дедо Димче позади коњите терајќи ги напред, полека со разговор стигнаа до логорот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ваквите заклучоци комитата ги аргументира и со разговорот што го воделе таа вечер во врска со јапонската приказна „Сонот на Мијато Акиносуко“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потоа седна на масата и продолжи со разговорот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во статијата каде што прочитав за праксата на Македонците проблемите да ги решаваат со лекови наместо со разговори, стои уште и следново запишано: „Поради присутсво на стигма за овие услуги, многу луѓе живеат во темнина...“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во тие моменти мислев дека сѐ може да се реши со разговор. Сѐ правевме заедно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Не ја пуштаме да се шета по мермерот на верандата. Олга го чисти секој ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако одајчето на Нанчо беше како мачилиште, дрвената барака, иако не беше сосема затворена во смисла како ѕидани ѕидови, ни бела како ѕидовите на Нанчо, со својата сиромашна внатрешност, со двата одара и сламарниците над нив, со ламариненото ќумбе во средината, со црното котле врз ќумбето во кое постојано нешто се вареше, со разговорите што се заврзуваа, за мене претставуваа вистинско преродување.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)