со (предл.) - раѓање (имн.)

И со Здравко имав мака. Не со раѓањето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дарвин скоро ги завршува патувањата со бродот Бигл преку многу мориња и ги допроучува создавањето и променливоста на органскиот свет откривајќи нови повидоци кон зоологијата, ботаниката, геологијата, палеонтологијата, антропологијата и етнографијата; во еден дел на Македонија масовно пцовисува од некоја чума запрежниот добиток.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крени ја главата, ќерко, ти никому не си згрешила и од никого не треба да бараш прошка кога си простила себе си со раѓањето на едно вакво прекрасно суштество каквоа што е Пеличка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како таа болна интимност со раѓањето и смртта на мигот, таа отвореност кон најситната енергија да доаѓа од немоќта пред постојаното умирање.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Така и треба да биде, меѓутоа, тука злото истечува и се шири по земјата како отров заедно со раѓањето на сонцето и со неговата топлина и жарот што се шири од него. И продолжува ноќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во илјада осумстотини триесет и петтата година, со раѓањето на еден од римските папи Пио (X), (по пет години откако францускиот венеролог Рикор докажал дека луесот и гонорејата се две различни болести), на ватиканската ризница ѝ се бројат или ќе ѝ се избројат околу дваесет илјади дукати како данок од проституцијата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)