со (предл.) - состојба (имн.)

Врз основа на таа реалност, во врска со состојбите во Југославија, британскиот премиер В. Черчил, во втората половина на 1945 година, зацртал дека британската политика спрема Југославија требало да се одвива во правец на нејзиното „одвојување“ од Југославија, а да се „држи цврсто“ во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Велика Британија доследно се придржувала кон оваа политика сè до март 1947 година, кога "одговорноста" за Грција ја презеле САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во неговите очи немаше солзи; имаше некој студен гнев, некаква мразна страст, некаква помиреност со судбината и со состојбата во која се наоѓаше светот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеме таа енергија подобро да ја искористиме. Да направиме нешто, евентуално...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Убаво име, - повторно низ насмев му одврати Рада, која уште со првиот чекор ја покажуваше својата супериорност, доминацијата да владее со состојбата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас морав да се соочам со состојбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Порано повремено го запознавала со состојбата во Пансионот, со приходите и расходите, а сега никако; порано секоја вечер спиела со него, му читала весници и книги, му пуштала музика од грамофонот; а сега никако; дури и кога ќе се разбуди преку ноќ, неа ја нема крај него на креветот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Или до кога ќе се бавиме со состојбите како на пленум или на седница...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)