со (предл.) - супа (имн.)

Кога некој ќе умреше во Гнездо, веста се ширеше од едниот до другиот крај на болницата, и секој ја пренесуваше со својот вообичаен глас – мумлајќи или јасно изговарајќи, тивко или врескајќи, брзо како да се обидува да ја престигне мислата или бавно како да сака да ги пушти сите мисли да се развеат. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога седнаа, додека тој гостите ги послужуваше со супа, сепак, божем попатно, рече: „Намерно едната чинија ни е различна. За да ја разбиеме еднообразноста“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во трпезаријата, за време на ручекот, главата на Регина се спушти покрај чинијата со супа, како да заспива.“ .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)