со (предл.) - такси (имн.)

Во секој случај човек треба да се придржува за правилото кога е веќе во Истанбул, дека е поудобно да се вози со такси или „долмуш“ не само затоа што е поевтино, туку затоа што и побрзо и побезопасно ќе ве однесе на бараното место.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Берн некој помина со такси над него и никој после не знаеше како да го состави.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со истите пари не можеш ни со такси од Центар до Карпош да стигнеш.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Хелвиг се враќаше со такси сам кон дома. Без Марија и без штотуку родениот син.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се чудев што да правам. Да отидам со такси, помислив, но ми беше страв да не го испуштам автобусот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Еве, стигнав. Да. Во седум, како и обично. Со задоцнување. Да, со такси.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Поминувајќи со таксито покрај хотелот, отспротива го препознав Стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Подоцна отидовме со такси до диското и чекавме да нѐ внесат, како да сме некои кој знае какви познати Вип фаци.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)