со (предл.) - тупаница (имн.)

Тројца ли, петмина! Не знам. И ме грабнаа да ме тепаат. Со стапови, со тупаници, со клоци.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сотира Лекоски го најдов со крената рака, со тупаница над главата, и со ококорени очи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Кажуј, кажуј, еј улава главо! - се притресуваше тој над неа со тупаница.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Абе со тупаницата ќе изгледаме револуционерно ама ќе мора да ги соблечеме скупите капути.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога минавме крај нив, таа ги дигна клепките и порумене, а Пенчо неочекувано ме удри со тупаница по вратот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Слушајте, мавташе со тупаница еден од „осмаците“, долго црногриво конте.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој нѐ заплаши со тупаница и испрекинато дофрли: - Иш, скитачи...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чукнав посилно, а тој не одговори. Тогаш удрив жестоко со тупаницата, и тој рече: „Напред!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во следниот миг Фисот веќе беше станат и ме удираше со тупаници; по лицето, по грбот, по вратот, по слабините; паднав и тој почна да ме гази и да ме клоца; Луција врескаше, го молеше да престане, и јас слушнав како му се обраќа, интимно: „Фис, престани, те молам, престани; тој лаже, тој само се преправа дека е голем маж, те молам, Фис престани, тој ме нема допрено, јаде ќотек од гордост, Фис, тоа е сѐ!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Момците побеснеа од смеење; се фаќаа за стомак, паѓаа на подот и со тупаници удираа по паркетот; девојчињата исто така, почнаа да се кикотат; некој подвикна: „Земанек, ќе додржиш ли до таму?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пак чукам, упорно удирам со тупаниците и со колената и со големите војнички цокули. Никој не отвора.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога се завртел ја видел како стои со спуштени раце, чиниш е во исчекување да се врати и да ја поведе со себе кон заедничка неизвесност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се удрил со тупаница по крвавата празнина во устата за да не зареве со грло на млад волк кој не ја проколнува сегашнината туку со сиот бес на својот вид ѝ се заканува на иднината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Глигор пламнуваше, мавташе бујно со тупаници во просторот меѓу себе и Арсо и лицето му грееше однатре со една темна црвенина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но многу повеќе за мојот срам: плачев и удирав до болка со тупаниците по меките лица на децата, ги кршев навечер туѓите прозорци, им нанесував штета на сите од улицата колку што можев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Удираше со тупаници по вратата. Отвори, отвори, пак шушкаше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И тој неочекувано извади од длабокиот џеб две стуткани стотки, ги крена високо и удри со тупаница врз масата; ја покажуваше волчата челуст, црна и длабока болка во која тапо јачеа прашања.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еден очаен Убиец на покриви маваше со тупаници по автомобил, пермутирачки повторувајќи ги зборовите: „Ќе ја убијам, брате, ќе ја убијам!“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Одеше со раскрвавена глава, со потечено око, нос, буза, со модрици на лицето, со лузни, со исчашени прсти од мавање со тупаници по децата на кои им ги искривуваше вилиците и им ги ронеше забите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Остануваа уште два-три говорници. Последниот говорник го крена силно гласот, удри со тупаница пред микрофонот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се поздравија со тупаницата горе, како некогаш шпанските борци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Удираше со тупаница по вратата. Отвори, отвори, пак шушкаше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еден од оние луѓе ја беше треснал со тупаница Џулија по соларниот плексус, превиткувајќи ја на две, како нож за бричење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Понекогаш со тупаници, понекогаш со пендреци, понекогаш со метални шипки, понекогаш со чизми.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И овие сите паѓаат на земја, удирајќи се со тупаници в гради, во знак дека се каат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја чукаше Дукле со тупаници по плеќите да ѝ спадне залакот, да земе здив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И почнаа сите фанатички да се смеат и да ја бијат со тупаници и да ја плукаат по лицето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потоа го спушти пак окото на клучалката и кога виде дека Бонети се повлекува, почна да вика: Отвори! и да тропа со тупаници на вратата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Додека сонцето изгреваше ќе го потчукнеше со тупаницата одстрана камионот, а возачот, смешкајќи се му возвраќаше со едно „здраво“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Трипати ја удри главата со тупаници.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Пцости, хрчење, тешко дишење, глуво удирање со тупаници, писок, топло лизгање на ножот по коската, чад - пламен - светлина, мирис на крв, газење по мртво тело, откината рака, пресечен грклан, издупчени гради, болка, крв, штик на штик, нож на нож, цевка на цевка, оган - нож, пцовки, молба, молскавици, крв-крв- крв...мрак - мрак...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го исполнува целиот, а тој вика, се заканува, се подигнува, удира со тупаници, клоца...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите удираат со тупаници по маса.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)