со (предл.) - фамилија (имн.)

Дојдете со Вангел со фамилиите. Тука не се живее.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Во сабота попладне одиме на гости кај чичко ви Ѓорги на слава“ проговори татко Таки по повеќеминутна тишина, „ Ќе дојдат Ѓуше, Пандора и Тиро со фамилиите, но ќе има повеќе видни гости, грчкио конзул е најавен, некои битолски чауши, газди и стопани, ни јас не знам кој се ќе биди таму, ама, некој ќе е со фамилијата, а сигурно ќе има и некој ерген за женење.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во Ново Маало купи куќа, во која често одевме на визита и во која после живееше син му, бате Иле со фамилијата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)