со (предл.) - чад (имн.)

Од под нејзините стреа засекогаш одлетаа ластовиците и ветерот презаситен со чад, далеку го однесе мирисот на џунџулето и босилокот што толку многу ги имаше во дворот... Пусто... Запустено...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Направив убаво огниште: со синџир, со полица, со чингели, со тланик, дигнав висок оџак и утринум гледав со чадот нагоре како шетаат и моето тело и моето дивно име: ниско под земјата – високо над ѕвездите.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Трга од цигарата и го заматува стаклото со чадот, со дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја гледам како влече, како ја полни устата со чад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Чад ми влезе, велам, целата се наполнив со чад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во ликовите на едно време.  Мистиката на фотографиите, што во тие денови на детството оживуваа од атмосфера презаситена со чадот од цигарите и минатото што бликнало на семејните вечеринки, подоцна се обидував да ја рационализирам.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Навистина почнуваше пролетта. Низ прозорецот без стакло бапна мирис на шума и цвркот, од некоја црква се огласи со сребрен глас старинско ѕвоно, ме опи со чад на темјан, ме растрепети со топлина и со сеќавање на песна што сум ја слушал во свадбарски утра од Богдан Преслапец и Блаже Задгорец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Борис Калпак и по истрелот стоеше со кренати раце некако потсмешливо исклештен над крвта што се цедеше од едната негова плешка, бездруго и од градите, иако јас тоа не можев да го видам, па веднаш другиот измеќар го принесе врвот на својата кубура до устата на ранетиот и сепак несовладан бунтар и истрела, нѐ заглуши и нѐ заслепи, мене можеби само, нѐ покри со чад и со црвен блесок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пувка со цигарата и ја полни меаната со чад. Јас го гледам и ми се смачува да го гледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секогаш кога ќе зине Витомир, устата му е полна со чад. Небаре оџак што враќа, што не трга.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дуковица ми кажуваше дека еднаш и јадел и пиел цигара. Ама тогаш многу се засркнал. Со чадот и трошки му залетнале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Давиде Недолетниот ги крева рацете и коледар скока околу огнот. Ќе полета со чадот. 130
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И трга од цигарата, ги шири градите, ги полни со чад, му прави место на чадот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа одвратна маска сака во мене да легне да ечи меѓу младите брегови на соништата и да ги исполни со чадот на стравот и на тагата и да ги исполни со чадот на слабоста пред смеи мечти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)