со (предл.) - час (имн.)

Не можеше со часови да се смири.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Влегувам во канцеларијата и при тоа го извршувам сето она рутинско „добро утро”: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со малку грижа на совест поради типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, безпотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мајка ми ќе нѐ собереше сите четворица и со часови нѐ анимираше крај брегот на морето.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секогаш кога ќе поминам покрај зградата спроти училиштето, која повеќе ни одалеку го нема истиот изглед, чинам како да го слушам отчукувањето на часовникот над зеленото креденче во собата, во која со часови игравме домино со Борис Кривошеев, во долгите зимски ноќи, додека баба ми ми плетеше ракавички во различни бои. Брзав да пораснам!!!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак, јас се сеќавам на многу моменти кои, се уште, како секвенци од некој дамнешно прожектиран филм се движат низ мојата глава.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
По два дена беше сторена вистинската работа: одново се свикани, попишан е остатокот, пристојно се третирани.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А она за што треба да преговара - се фаќа Мертен за рачката на еврејската канцеларија местејќи ја срдечната, како што ја нарекува меѓу блиските, „филосемитска“ насмевка на лицето и молскавично рекапитулирајќи почна таа сабота на 11 јули 1942 на Плоштадот на слободата, во близината на пристаништето каде што од утринските часови се собраа над 9000 полнолетни мажи Евреи, а како часовите врвеа и еден сѐ поброен куп љубопитници, обични граѓани од сите возрасти, дами и госпоѓици и војници на отпуст, без задолжение во конкретниот зафат на кој тие 9000 души со часови, најнапред беа попишани, а потоа, терани да прават салта, да изведуваат глупави гиманстички вежби на врелото сонце, без заштита на главите, со бројни онесвестувања што на крајот го расипа првичниот весел впечаток и во присутните почна да создава непријатност и отпор...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Одовде, од плоштадот на „Шајо“ може со часови да се посматра оваа панорама, која го воодушевува и го прави човека поголем и посилен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наведнати над оградите на „Галата Ќупри“ можете со часови да стоите и со чудна внимателност да ги посматрате многубројните кајаци, кои се расеале меѓу големите бродови и во водите на Босфорскиот Залив - „Златниот Рог“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некои луѓе со часови стојат само пред султанската дијадема, со 84-каратен дијамант, сместена во една витрина, која заслепува со своите светлосни преливи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пилотот мора да поседува одредени способности пред да почне со часовите по летање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога ќе се сетеше за недоживеаната нејзина премиера со часови не можеше да се смири, земаше некакви капки со алкохол.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Многу луѓе поради својството на оваа дрога да дава големи налети на енергија, ја користат како стимуланс за да играат со часови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така, со часови се пречкавме со Крмакот. И не се лажевме.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа се чини неверојатно но јас и денес можам со часови да го следам оддалечувањето на братот на татко ми во придружба со смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Влегувала и со часови не излегувала. Дали молитвела, дали коленичела, дали липала и ја оплакувала својата судбина, никој не знаеше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Реа сакаше да ја чешла - лесно, бавно, со часови.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе останеме со часови заглавени на булеваров, како во лош сон, мафтајќи со рацете и отварајќи ја устата како риби, обидувајќи се да го изложиме сопствениот план за разрешување на кризата во регионот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Со часови седеше во детската соба слушајќи ги своите деца како на глас спремаат испити и беше горда што толку брзо читаа, дека на факултет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во летната кујна пет фамилии готват на еден шпорет, кој на волшебен начин ја има смалено моќта и брзината, па со часови чекаш да дојдеш на ред.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На сета исцрпеност од мачењето што трае со часови во предродилната сала, каде освен блискиот „дејт“ со сопствените маки, сведок сте, сакале или не, и на малтретирањето на сите што решиле токму денес да слават роденден во следните години, да сечкаат за „руска“ и „француска“, да месат кифли од киснато и лиснато тесто и да матат жолчки и белки за Васина и Реформ торта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Човекот не закажува па со часови чекаш додека „ординира“ во истата соба, па ги гледаш туѓите проблеми и ти е срам дека си дошол малку волја да „купиш“, за да те поттурне.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А никој не се интересира како му е на еден млад човек кој мора да го капе кучето на својата станодавка, да го чешла со часови, да го носи на лекарски преглед, само за да не биде исфрлен на улица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа ја вадев сликата од под откованите штици на подот и со часови ја гледав: татковски насмевнато лице со неколку дупченца од сипаница, благост и мудрост во очите, пророчки брчки што само се претчувствуваат на загатливото чело.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Иако со часови го чекаше на клупата под зелениката во паркот, средбата не се случи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Обично со часови така стоеја со летната глава, како некое младо, тенко цвеќе на кое лошиот ветар му го скршил стебленцето, па се свиснало, вене. (Но можеби тоа доаѓаше и од гладот) Особено тоа се забележуваше кај девојченцата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Туку го гледате со часови како вечна стража го заобиколува домот, нигде место не го бере.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со часови потоа без некој да може да ви забрани летате над водата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Цел еден век. Уморот, тешкиот пат, гладот и жедта што нѐ следеа со часови додека нѐ носеа во домот завчас исчезна, божем сета наша мака, несреќи ги стопи добрата душа на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, измачуван од жедта, со часови без водица, со изгорена душа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Што можеше тоа да биде, со часови премислував.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Оние што имале прилика да ги гледаат на дело, како со часови дењеноќе се бакрачат со бојата, раскажуваат дека во тие часови лудите се однесувале сосема нормално, човечки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Бургиба беше оставен во залезните години на животот во родниот Монастир, во својата летна резиденција, недалеку од величествениот мавзолеј, во кого веќе почиваа родителите, неговата прва сопруга Матилда од француско потекло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше господарот на тајниот простор во амбасадата. Од таму со часови не излегуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минуваше со часови крај својата гробница, суверено бараше да се менуваат нејзините димензии, борејќи се со напливите на суеверие дека готовата гробница го доближува до смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нивно вистинско оружје беше безмилосното сослушување што продолжуваше со часови; го сплеткуваа, му поставуваа стапици, искривоколчуваа сѐ што рекол, го уверуваа на секој чекор дека лаже и дека е противречен, сѐ додека не почнеше да вика колку од срам, толку и од нервна премореност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Утредента, целокупното население од околината учествуваше во долгата, бавна погребна поворка што се развлекуваше со часови и претставуваше, всушност, протестен митинг.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со часови понекогаш седеше речиси неподвижна на креветот, држејќи го неговото помало сестриче, едно ситно, болешливо, мошне тивко детенце од две или три години, со лице речиси мајмунско од слабост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Седеа разговарајќи со часови на правливиот под со расфрлена слама, станувајќи одвреме навреме час едниот час другиот, за да фрлат поглед низ пушкарниците и да се уверат дали некој доаѓа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш се испостави дека рачката за вода е неизмиена и ќелијата со часови потоа одвратно смрдеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон беше сам во ќелијата и тоа со часови сам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со часови поминував на Интернет, барав информации за твојата болест, за лекувањето, за исходот, се измачував самата себе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Јас со часови гледав на Интернет сѐ што пишуваше за рак на желудникот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ме погледна и ми рече: „Толку многу ги има“. Стоеше тука веќе со часови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Стоев со часови крај Мајка. Таа, во одредени интервали, заспиваше и се будеше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Колку што малку видуваа, толку многу мислеа. Со никого не се мешаа;секогаш кога ќе можеа претпочитаа да се пласнат некаде на дното на ровот и така со часови да молчат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се сетив на приказнава, гледајќи ја ќерка ми како со часови сурфа по Интернет, или, уште подолго, мирца.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Затоа проверував со третиот, најмалиот, „Olimpikus“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш сите од маалото со часови зјапавме, напикани токму во подрумот на Мики, во и меѓу нозете на девојките и жените што стоеја пред продавницата „Громби“ над нас, врз подрумските решетки, а кога понекогаш ќе задуваше ветерот на кој му го заборавив името, тоа го доживувавме (молкум) како премиера.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Задевањата на децата веќе не го навредуваа и за деда си не се плашеше. XI Токму тие денови комитите и повидните селани од Брезница со часови се советуваа како да го тргнат злото што ги поклопило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Татко ти не се шегуваше туку најсериозно го распрашуваше Циган бидејќи тој бесрамен злосторник со часови знаеше да се притаи под некоја гранка на кралчето и стрпливо да ги дебне несреќните пилци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ВТОРАТА ЖЕНА: Може ли баба ти со часови да позира, стара жена е!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Му доаѓаше да се насмее кога ќе си претставеше како бегот со часови, стрпливо ја обмислува неговата погибија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Татко ми, кој е познат ѕвездочатец и ширум Кашмир надалеку прочуен мудрец, уште од раѓање ме има научено дека времето не се мери со часови, со денови и со години.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа е огромно и бескрајно, а истовремено мало и ограничено, па се мери според она што ни се случува во него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш со часови ја виснував главата над нив, а ниту една буква не успеваше да допре до мојата свест.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)