со (предл.) - бакарен (прид.)

Кога дојде време да тргнеме, попт, пеејќи, со бакарното котле,в рака, во кое беше замрзнатиот крст, тргна по средината на црквата кон излезот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
– На ист начин, со бакарен отсјај, свети човековото око кога ќе вкуси дел од посакуваните благодати на нектарот на среќата – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А тополите? Влатко стои на крајот од ливадата заџарен... гледа угоре - синевина, синевина и бели облачиња порабени со бакарна светлина од сонцето што заоѓа... му се пристори дека синевината ќе се струполи врз него... па ги крева рацете за да ја потпре... ги нема тополите... ничкосаниот поглед здогледува вкоренети пенушки - небаре џиновски стапала...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)