со (предл.) - болен (прид.)

На Вера Кузмановска И одново на птиците помислувам, на полската чучулига, помислувам, која уште при прв допир со болен човек распознава исцелимо од неисцелимо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Му пеам на трнарчето и си помислувам на мојот кафез на Edgar Quinet на Montparnasse: Не помислувам на туку на песна на моите другари, помислувам - таа можеби да ме оздраве... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Беше несовладив. Можеше, дури и со болната рака, да исцеди од камен млеко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сега, татко ме дава, каде што срце ми нејќе...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: (Со болна насмевка). Го знаеш ти, Костадине, моминското срце... Додека сме моми, немаме срце. Само сме моми...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Го сместија дедо Иван на задното седиште, син му седна напред до шумарот, па откако дедо Димо и другите се збогуваа со болниот старец, пожелувајќи му брзо оздравување и враќање, шумарот го сврте џипот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гладното и полно со болни превивања тело имаше само еден единствен начин за да ја испрати таа продолжена темнина, за да ја превиди и да се скрие од неа, а тоа беше сонот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да прашам во врска со болната Марија... - Се колебаше за презимето. - ... Петровска. Дали го имаше сменето при мажењето?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Некои сијалици се прегорени и им прават неволји на типовите со болни рожници.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)