со (предл.) - бронзен (прид.)

Знаеш, оној со продавницата спроти нас, што го цртав од нашиот прозорец, и оној со бронзениот бокал, со ружите што ми ги донесе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во некој дел на Африка, во близина на идниот главен град на Египет, џинџестиот Жерав ги видел своите роднини, бели и горди, крај голема река. Се растажил.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Го зема горниот и внимателно го разгледува. иставајќи го постепено колку што може да ја испружи раката. Тоа е цртежот со бронзениот бокал.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Брзаше да знае пред осудата - дали она што го виде е млад глог со испреплеткани гранки или камен покриен со бронзена 'ржа. Тоа беше важно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јатото веќе не било далеку, кога првиот тогашен ловец, скриен во висока трева, го видел жеравот и од затегнат лак пуштил стрела со бронзен врв.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)