со (предл.) - варен (прид.)

Камилски, восхитен од глетката, сакаше повторно да ѝ бакне рака на Мајка воодушевен од посланото разновидно мезе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Скокна младиот артист, а мастиката му се одлеа од чашката додека цигарата ја изгасна не во пепелницата туку во пјатото со варените јајца исечкани на тркалца и посолени со црн бибер во капка зејтин.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во време на глад и војни, кога била големата светска економска криза, јадеа леб месен од брашно со варени компири, кој им бил многу вкусен...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пред нив тенџериња, чинии, шишиња со ракија, а сред кругот казан со варено овнешко месо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Да има сега една ракија, вели Цветан, и една здробена марула со варено јајце и сушени маслинки...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше чиниче со ајвар, чиниче со кавијар од модри патлиџани, чиниче со печени пиперки со лук и оцет, таратор, чиниче со потпечено козјо сирење, чиниче пинџур, со варени бамји во оцет и лук, чиниче варена боранија и динстувана во лук, чиниче со урда со црвен алев пипер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)