со (предл.) - видлив (прид.)

Неусетно разговорот се префрли за исхраната, и Францизунката одвреме-навреме, се уфрлаше во разговорот само со една фраза, која постојано ја повторуваше, со видлива загриженост: - На мојот мил Жак денес не му купив месо, кутрото мое мало!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
III Живеевме во срцето на Козар маало, во стара двокатна куќа крај реката, во низата градби според отоманските архитектонски урнеци од почетокот на веков, со видливи европски примеси.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Под мишка ги носам белите листови на предавството и строгите правила на играта збран како копец: ми трпнат прстите, ги стегам индигата со план да се победи зимата во срцето, веритигинозниот синдром и сета светска иронија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И навистина: Луција од мене бараше да бидам циркузант не затоа што таа, туку нејзината Партија го сакаше тоа; Ина бараше од мене да бидам кловн (со видлива дарба за еквилибристика) не затоа што тоа ќе ѝ донесеше поени во циркусот, туку затоа што таа уживаше во моите глупости; се смееше како никогаш ниедна жена на светот; се смееше како што Луција, мојата Луција никогаш не се смеела, не се смее, и ниту не ќе се смее, иако според својата судбина требала да се смее, што не би можело да се рече за судбината на Ина; и јас реков: „Со задоволство, Ина. Со задоволство ќе го сторам тоа.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му го читам изненадувањето, оти јас не бев на потег, а сака тоа, колку само сака да ми го рече, ама не дозволувам: ја вртам клепсидрата со видлива енергичност што значи потег и протест и најсетне и простотија и простор во кој има смисла да продолжи играта, граматиката на чутуранга во која бројот на играчите е ограничен на четворица, но се гледа тој е веќе триплициран и нужно е однапред да се договори редот, правилата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дончо, кој во тие денови не проговори ни неколку збора со неа, со видлива љубомора ги проследуваше додека си одеа, а тој самиот од дворот заминуваше со последните деца, најчесто скокајќи преку оградата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)