со (предл.) - електричен (прид.)

Во соопштението што Националната компанија за стопанисување со електрична енергија го испратила до јавноста стои дека некој си маж, крстен по великиот диктатор, поткопал опасен електричен столб.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Големите си свират со електрични гитари.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Откако заврши основно училиште, брат му се запиша во средно градежно, а таму немале мандолински оркестар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И тука настанала кавга затоа што тие истите тогаш се појавиле со електричен шпорет, а сега мојата пријателка ги „обива“ галериите низ градот барајќи соодветна уметничка слика.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А Јан, качен на мостот, со невиден гнев, со невидена гордост, со јарост невидена, почнуваше да уринира врз светот, од високо, врз мрежа со електричен напон, над вагоните, лудачки смеејќи се; „Луцијоооо!“ викаше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дво и трокатни куќи, градени со делкан камен, бели фасади, сите куќи поврзани со електрични и телефонски жици, бензинска пумпа, кафеани, аптека, улиците под асфалт, градинка, основно училиште и гимназија, многу патнички коли, трактори, комбајни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)