со (предл.) - заден (прид.)

Кога Стела ќе ги искачи двете кофи со малтер на скелето кај Богдан, ги турива подолго време во текнето свртена со задниот дел кон Богдана и поднаведната при што поткренатиот фустан ѝ ги открива бутините.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Куќата е на еден кат, со задниот дел свртена кон селото, а со лицето кон езерото; кога ја градеше куќата, жена му го тераше да кренат уште еден кат, но тој не се согласуваше; ѝ велеше: „Куќата е како дрвото: за да се крене повисоко - треба да пушти подлабоки корење, а ние сме тенки во парица: не можеме ни надолу да одиме, ни нагоре“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Копал ту со едната ту со другата предна нога и се опирал со задните во подготвување да се пропне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)