со (предл.) - задолжителен (прид.)

Со задолжителна фотографија на својот претставителен анфас, тие секоја недела ги афирмираат сопствениот стил и став кон разбранетото секојдневие на страниците на бројните ни печатени гласила.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Остануваше никогаш растолкуваната семејна загатка - за тоа што се случило во изминатите пет века отоманско време на Балканот, како дојде по поразот до големата делба, до промената на Бога, до големото гранење на семејството, кога едниот дел по отоманската опсада и победа по цена на смртта ќе замине на другиот брег на морето со старата христијанска вера, со задолжителните врски клучеви на старите куќи во пламен, со по некоја спасена икона и света книга в раце.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)