со (предл.) - конечен (прид.)

Зарем тој исход не е барем исто толку можен колку и оној со конечното распаѓање.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ни се причини како змејот се извишува за со конечниот залет да нѐ проголта и да нѐ повлече кон длабината Во тие мигови Мајка започна посилно да ја кажува молитвата за спасувањето на нејзините чеда, која ја препознававме од честите шепотења, кога ни беше тешко во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко добро знаеше дека судирите и падовите на големите империи на Балканот не биле никогаш дефинитивни, со конечни победници и поразени.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во него ја видов целата твоја двоума во врска со конечната одлука.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)