со (предл.) - кроток (прид.)

Си зборуваше со неа, си шепотеше како со сестра, како со кротка посестрима.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ноќта ѕвездена, денот темен, Темното денот го слави, Со пожари и поплави; Со таги, врз плаштот земен На кој се накотиле и сплотиле Болки и рани, неразбрани Поети, мислители, исцелители Врз, тајните на животот задумани, Склупчени среде денот темен, Заборавени, во тага оставени Под небото ѕвездено-извезено Од знајби, мисли и умности За да редат убости молитвени Со кротка благост изустени.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Богородице Владичице, отвори им ги патиштата - на снаа ми Трајаница и на момчето со кротки очи и огнено име - да ни се вратат... - офна баба Петра.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)