со (предл.) - матен (прид.)

И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стрелале и го прашувале дали сѐ уште сака да има деца, а тој, антав воин, со тешки зборови им одговорил дека ништо веќе не сака, дека е од нивна пушка крвав над коленици, жив за борба но без машкост за татковски соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ммм, да, да, еве, ахамм...ќе клајш едно кафе?“ со матен глас и сѐ уште затворени очи запраша Перо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Прв сокак - црквиче, камена печурка забуцана в земја, втор сокак - чадлива меана полна со матна светлост и нејасни ликови, трет сокак - дрво, опашан со висок ѕид од плитар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)