со (предл.) - мајчински (прид.)

Време е да поспиеш, Пупи Паф, можеше да ми рече со мајчински глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Овцата смирено, со мајчинска нежност го лижеше мокрото јагне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На дечињата во училиштето, во кое повеќето беа Македончиња, Рада многу им се допадна и со изгледот, но и со мајчинскиот пристап.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мил боже, нѐ пречека со мајчински очи, со светол и благ поглед. Во мигот занемев, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)