со (предл.) - многуброен (прид.)

Кога дедо Господ си ги затвори очите ѝ секнаа водите од небото, ненадејно се појави Пелагија со малечката Пелагија, Танаско со многубројната челад, и, се разбира, дедо Костадин легнат во големиот ламаринен сандук во очекување да ја види животната сопатничка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
136. Таа задача би можело да ја исполни западнобугарското или шопско наречје, да не беше малку распространето и со многубројни оригинални особености што се немаат во другите наречја во Бугарија, Тракија и Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Попот го остави алатот на клупата, која му се служеше и како стол и како тезге за работа, поинаков, скоро непознат, без магија, во стари панталони и во кошула со многубројни риги: го загледува довчерашниот свој противник и сака да му ѕирне низ очи во душата, да најде што смислил тој и не му готви ли примка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И угледни службеници на новата власт со многубројна челад, а кои со мали плати, тешко врзуваа крај со крај во деновите на сиромаштијата, покажуваа разбирање за козарите и нивните кози, го купува нивното евтино млеко, иако беа будно следени од властите и партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше малку повисок од мене, со неисчешлана црвеникава коса и со многубројни ситни дамки по лицето.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)