со (предл.) - наведен (прид.)

Да повториме, тој ферман пристигнал кај Скопскиот бег и кадија дури од Стамбол заедно со наведената наредба за извршување на спомнатата казна во врска со непримерното однесување на спомнатиот Никола Леко).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да се пишува дело за историска личност, уште повеќе за личност која прераснала во легенда, не е ни малку лесна задача.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со наведената пресуда е задолжено туженото претпријатие да и исплати сума во вкупен износ од 6.804 денари (110 ЕУР) на име неисплатен регрес за исхрана за период од четири месеци [јули–октомври 2002], зголемен за законската камата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи немаше досудени времени мерки за времетраењето на спорот, таа – потпаѓајќи под финансискиот притисок на секојдневието и, мимо решението кое го беше добила од Фондот за ПИОМ, про- должи да оди на работа со полно работно време од осум часа дневно, како би можела да добива и хранарина – која сума, барем за неа, не беше воопшто за занемарување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа веродостојност, писателот ја потврдува, и со наведената литература која ја користел за создавање на своето дело, какви што се спомените, записите и биографиите на Јаворов, Пандо Клјашев, Анастас Грчето, Ѓорче Петров, потоа раскажувањата на писателот Ѓорѓи Абаџиев и на некои илинденци и учесници во востанието.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Спасот за театарџиите со наведениот недостаток е како и кај амузикалните.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од камен соѕидани, од едно одделение, немалтерисани ни однатре, а камо ли однадвор, без никакво душеме, со две врати: една голема на средето на ѕидот, обично на источниот ѕид, другата малечка, само човек да може да се протне со наведена глава, на спротивната страна од големата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)