со (предл.) - нагласен (прид.)

Со нагласени големи букви се изнесува и еден податок на Волтер од неговото време: „Религијата го чини човештвото седумнаесет милиони човечки жртви, еден милион секоја година!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Наеднаш го слушна како се накашлува. Ѝ соопшти со нагласена сериозност: „Најголемите несреќи на луѓето им ги приредуваат недоразбирањата“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
ЛУКОВ: (Со нагласен акцент на тоа што тој ќе го стори.) А јас пак...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Андон беше висок, со долги раце до коленици, со нескладна конституција, најмногу заради вродената мана левото рамо видливо да му биде поткренато во споредба со десното, при што крупното тело, со нагласена комбинација на испупчени коски и разиграни мускули, смешно му беше свиткано на десно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ниту Кирхнеровата, 1906 г. напишана и в дрво врежана програма за „Мост” не проповедаше доследно некоја естетика, туку само со нагласен патос ја повикуваше младината да ја отфрли традицијата и „природно” до создава од сопствените побуди. (...) Не треба да се менува само уметноста, туку севкупниот живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во исто време се случи и разнишувањето на Chicago Review што резултираше со појавата на Big Table , списание со нагласена Beat ориентација. 22 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Градејќи го сопствениот идентитет како непосредно визирање со сондата поетесата Олга Наумовска со изразот на лириката , суптилна, со нагласена естетска нишка гравира еден спектар на судбини, поетски пронаоѓања во срцето, во душата, во сопствената големина, но и во големината на другата имагинарната страна.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)