со (предл.) - невин (прид.)

Лоша ученичка но, претпоставувам, добра љубовница. Освојуваше со невините румени обравчиња, насекаде околу себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Почнала крвавата пресметка на жандармите и војниците со невиното македонско население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Битолските улици биле попрскани со невина човечка крв.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)