со (предл.) - непознат (прид.)

Ако среќавањето пред тој јунски ден, во јануари на таа година, со пламените стихови на „Очи“ и „Љубов“ говорени од Ацо Шопов на конгресот на македонската младина во скопскиот офицерски дом беше сето во егзалтацијата и патосот на големото славје на слободата и во првата фасцинација со убавината на ослободениот македонски јазик, доживувањето на Рациновите елегични, чемерни стихови на болката и убавината на неговата Балада, се откриваше како трагично идентификација на самиот Рацин, во смртта, во онаа „кара смрт“, со непознатиот војник од една друга војна, - Големата, „световната“ - идентификација што ги исполнуваше и обединуваше луѓето во заедничка тага.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Се згрчи ветрето крај барата и умре полека со непозната смрт.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Деценија по неговото упокојување, сонот се заврши со непознат детаљ: 5 до 12.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ќе бидам вечерва обично физичко тело. Со непознат волумен.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Еден од полицајците, веројатно, полициски офицер ја крена книгата испишана за него со непознати букви.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како што одминуваше времето, тој гнев, таа омраза од одбивањето на Луција да ме прими како прв, стана неподносливо бреме за мене, оти сепак се мешаше со преостанатото слатко вино на љубовта; со мене се случи нешто до ден-денес необјаснето, нешто сосема неверојатно: јас веќе не мислев на телото на Луција; не мислев ни на нејзините гради, ниту на нејзините колкови, ниту на нејзините бедра, а најмалку на просторот меѓу нејзините нозе, таа клучалница со непознат за мене запис; со ноќи го сонував само папокот на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Низ пукнатината на делканата оревовина ги виде сите живи во селото и оние што се далеку по светот, насекаде, преку големи реки или преку мориња со непознати риби и треви - чекорат, ги затвора круг во рамка на безизлез, се враќаат, остануваат по патот по дел од себе, потоа со згрченост ... гроб ... пепел; од нив остануваат само очите да ја бараат целта; распослани насекаде, тие се цветови на црна пролет.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кришум, со непозната љубопитност на селски безработници во касни есенски дни, го гледаа оддалеку и не му приоѓа, го сметаа, баре некои, за мрднат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од темнината гледаа сурови очи, со непознати зеници.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас сум лотка, осудена на судир со непознатото.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Ја следеа, ја дополнуваа со познати и со непознати имиња, семејната линија која стигна и запре крај Езерото, со речиси сите свои припадници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)