со (предл.) - нескриен (прид.)

Меѓу бегалците со нескриен восхит се зборуваше за нив, особено за Пелагија, за нивната храброст тајно да го откопат дедото Костадин и исто така тајно да го донесат пред очите на баба Петра!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Греота е идентитетот на Балканот! – ми вели тој со нескриена зачуденост. – Па денеска цел свет е во потрага по својот идентитет, а ти сакаш ние да живееме како баби, да го заборавиме сопственото минато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)