со (предл.) - нечуен (прид.)

Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исти сме во гласовите, исти сме во краците, сепак сум поинаков, крал сум на пајаците.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се заниша на невидливата нишка и продолжи со нечуен глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
BODY Златножолтиот сок од портокал се лелее во чашката осветлена од сонцето; густ и сладок карамел лази по ритчињата розев сладолед; патентот на фармерките со остар звук, се повлекува нагоре, кон папокот оросен со златести капки пот; сочниот задник го покажува својот крушковиден облик; капе густиот ketchup и ја намокрува жедната тестенина; бисерните заби се забодуваат во јаболкото со сочна експлозија; водопади од свилени локни се сливаат низ нежни женски раменици; овесни снегулки со нечујни експлозии паѓаат во млечно море од порцелански брегови; и сѐ е така juicy, и сѐ е така crispy, ммм, и сѐ е така crunchy, мммм, и сѐ е така fluffy, мммм, и сѐ е така delicious, оххх, и сѐ е така irresistible...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тополите не испуштаа ни глас ни тупот, туку стоеја сѐ така исправено, иако во дното на стеблото беа пресечени, како со невидлива пила, со нечујна секира.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сѐ што било смрт бегало од нив како од смрт и се влечела по нив чудна и болна мелодија со нечуени зборови со кои се споменувало човековото раѓање и умирање, неговиот секавичен пат од колепка до одар - тоа мајка му на Куно Бунгур го оплакувала синот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биле педесет и девет и од пат им се тргале и арамии и ѕверови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)