со (предл.) - нужен (прид.)

Бев испратен кај вас за да ми помогнете во разрешуваењето на проблемот, за чие што решение, колку што можев да сфатам, вие располагате со нужните упатства“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сите предмети што ги распозна пред тоа, го добија својот вистински облик со нужна смисла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Додека ЦК бил во стариот состав, на чело со д-р Христо Татарчев, гемиџиите се однесувале со нужниот респект кон него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но ние, надежните амбасадори, последните верници на самоуправна и неврзана Југославија (внатрешно одврзана) моравме да го кажуваме спротивното и да се наоружуваме со нужните дози југословенски идеализам и патриотизам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Каде ли заседава тоа нивно собрание, другар Боге?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постојат многу индиции, продолжив, дека неколку дена пред тажниот настан тие веќе се здобиваат со нужните насоки а во одделни случаи располагаат и со имињата на актуелните кандидати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)