со (предл.) - обесен (прид.)

Коњ без утре, со обесен товар кловновски години на опашот, години и минати подвизи, години и скокови над бездни, години и бавно влечење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некои деца ги забираат последните пашита со обесени ѕвончиња на вратот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Деветте песа со обесени лигави муцки цивкале легнати околу костурот, пулејќи во ококорените очи на господарката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој беше огромен човек, со грива од мрсна сива коса, со обесено и збрчакно лице и со дебели црнечки бузи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И пак молчи со обесени образи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Уф! Тој сака девојка... Кон неговата смеа се придружи момченце со обесени уши.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)